Акација на Стоби е Шардоне од сопствени лозови насади, созреано во дабови буриња. Акација е хармонично и избалансирано вино со полно тело и избалансиран завршеток. Има златно жолта боја која асоцира на македонско лето и комплексни ароми на јужни овошја и печен леб.
Локалитет: Градско
Сорта: Шардоне 100%
Најдобро се служи на 8ºC - 10ºC
Комбинација со храна: Бело месо, риба, морски плодови, зелени салати, сирење.